пљачки само мн.
пљачка ж.

пљачки (само мн.)

Малите чеда ги обув, ги облеков во пљачки нови - како за празник и за црква, погача и кокошка им испеков и со молитви - благослови ги допратив до граница...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Би ја дал целата торба сосе сите пљачки за една стомна изворска вода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му напишав уште дека еднаш во месецот ќе му праќам нова облека и храна, а ако ми испрати стари пљачки, ќе ги перам и ќе му ги враќам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
ама од едно уво влегува, од друго излегува копнеж е тоа, еј, кај стои снег на летно сонце, а и нам не ни се стои оти таму никој на ништо не ти завидува, ни на куќа, ни на обушје, ни на облека, и си ги собираме пљачките, покупките, трчаме да фатиме брод,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си ги земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Доста си носи едно сандаче црно со две клучиња и со рачка одозгора и една бовча со пљачки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го остава добитокот, ги фрла пљачките, децата и трча, ништо друго не знае да направи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пелагија, во деновите кога не се работеше, а тоа беа само неделните денови, ги отфрлаше машките пљачки, се пикнуваше во своите фустани и со момичката во раце и Мурџо крај нив, шеташе во маалото од улицата Ѓоновиќ сѐ онаму до шепотот на Вардар со надеж дека ќе пронајде некое одајче каде ќе можат да се преселат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Телефонот тресна врз купот урнебесни пљачки страшно, затоа што го џитнав низ вратата која докрај не можеше да се отвори.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И во неделата пред да се пренесат пљачките на Пелагија во подареното одајче, речиси во последните сончеви есенски денови кога зајдисонцата просторот го претвораат во надреален пејсаж, таа го изложи својот живот пред неа без ништо да скрие, го разголи до толку многу што можеше да се чуе како пука голата кожа и шурнуваат безброј бразди крв. Ѝ кажа за силувањето во селото на денот на Богородица, дека едно војниче од мајка родено, не сакал да ја расипе, ама затоа пак добил куршум в чело.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако и понатаму останува отворено твоето срце за мене и за моето црно семе, мојата Пелагичка, ќе си ги соберам пљачките и ќе се преселам кај тебе и од сега па до крај ќе те викам мајко Персо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ете кај го кутнала ракијата, а ние за влакно ќе го смачкавме! се свртува кон децата свои, одејќи Одам со ковчегот, а вие поделете си ги другите пљачки! и замина натаму, низ врвулицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Прво ги нареди дрвените пљачки, потоа земјените, бакарната посадка, покривачи, храна и друго.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пелагија се облече во пљачките на Димостен, ги навре неговите војнички панталони и блуза, партизанската капа ја замени со качкет и секое утро од подрумот излегуваше егејски партизан а не мома, а таков партизан и се враќаше од планината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Луѓето ги оставаа убавите куќи, топлите одаи, богатите градини зад куќите, ги оставаа дрвените кревети, долапчињата, садовите што ги имаа присобрано или откопано од дворовите и градините, си ги врзуваа старите пљачки во бовчи, ги префрлуваа изврзаните кокошки преку рамо не водејќи сметка дека ќе бидат испосрани, ги дигаа сламариците со сѐ прав, болви и раздробена слама - се преселуваа околу огнот на дедо Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чудно, наспроти неа, зад бараката во која сега е Дине Бочаровски, има куќа на четири ката, малтерисана и полна со пљачки по балконите што го чекаат сонцето за да се исушат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Арсо најде едно незафатено место под прозорецот, си ги остави пљачките и уморено се струполи врз нив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А ако имаш нешто вредно, на пример пари, некојa лира или наполеон, накит, нешто од пљачките, покривачите, веленцињата, чинии и лажици, дај ми ги мене, јас ќе ти ги чувам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мене ми остана да си ги соберам пљачките од кај мајка Роса каде што побарав спас во друштвото на нејзините моми и се преселив во одајчето на Димостена близу Одборот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе